Републичкиот одбор на Млади социјалисти на Македонија, денес одржа состанок на кој што се разговараше на повеќе теми меѓу кои и подготовка за конгресот на СПМ и потпишување на договор за соработка со Унијата на млади комунисти на Молдавија.
Младите социјалисти на Македонија според последниот состанок на републичкиот одбор на СПМ, ќе бидат дел од конгресот на СПМ како делегати и нивниот број ќе биде околу 30% од вкупниот број на делегати. МСМ ја поздравуваат практиката на матичната партија СПМ за вклучување на младите во органите на СПМ, што ќе значи и давање посебна енергија во работата на СПМ.
Младите социјалисти на Македонија го ратификуваа договорот потпишан од страна на потпретседателот на МСМ, Наум Стојчевски и Александр Рошко, претседателот на секторот за меѓународна соработка на Унијата на млади комунисти на Молдавија, направен и потпишан во Рим, Италија, за време на годишното собрание на ЕМДМЛ.
Договорот прави простор за заедничка соработка на двете организации, заедничко учество на семинари и развивање на левичарската идеа во двете држави.
Од 1 до 4 март во Рим, Италија, се одржуваше годишното генерално собрание на ЕМДМЛ. Имено на генералното собрание главна тема на дискусија беше економската криза и нејзино решавање.
Се утврдија повеќе настани што ЕМДМЛ би ги имала како организација во иднина меѓу кои и огранизација на конференција за прекаритет, конференција против фашизмот, конференција за климатските промени.
Се изгласа предлогот за ЕМДМЛ во иднина да делува како дел од Европската левица.
Членките на ЕМДМЛ изгласаа и нов одбор во кој членуваат организации Македонија, Финска, Грција, Италија и Молдавија.
Млади социјалисти на Македонија во одборот на ЕМДМЛ и во новиот состав ќе бидат претставувани од потпретседателот на МСМ, Наум Стојчевски.
8ми март, денот на кој се прославува вечната борба на жената за еднаквост, меѓународниот ден на жената помина, но и оваа година што научивме?
Сеуште постои полова дискриминација.
Сеуште се потценуваат жените.
Сеуште се девалоризира нивниот удел во општеството.
Бидејќи половата еднаквост е меѓу основите на социјализмот и добива на значење и поддршка од страна на социјалистите, наша обврска е да се бориме за истата, со сите наши сили, бидејќи за нас секој човек е еднаков и треба да ужива еднаков статус во општеството.
Против сме секаква комерцијализација на овој празник и отргнување на вниманието од неговата вистинска цел, да потсети дека борбата за полова еднаквост продолжува.
Left Youth ['solid'], подмладок на германска политичка партија Die Linke (член во европарламентот), започна иницијатива во Европа, за промовирање на оваа акција против максимистичката политика на најбогатите на светот. Имено Left Youth ['solid'], направија проект со кој секој член на нивната организација кој се чувствува како дел од тие 99 проценти, ќе пристапи со своја слика и мал текст, зошто се чувствува како дел од 99те проценти, по примерот на американската интернет страница http://wearethe99percent.tumblr.com/. Тие ја побараа поддршката од своите сестрински подмладоци од ЕМДМЛ.
Ние како Млади Социјалисти на Македонија, ја подржуваме идејата на Left Youth ['solid'] во врска со 99те проценти, бидејќи како сиромашна држава, речиси сите државјани на Македонија се дел од тие проценти. Одговорно тврдиме дека мора светот да реагира и да се консолидира со што би се избегнало понатамошното раслојување на ултра богати и сиромашни. Повикуваме на разумност и трезвеност од страна на тој 1 процент, бидејќи и ние сме дел и ние постоиме.
Кога се прогласија предвремени парламентарни избори, ние младите социјалисти на Македонија, си зададовме цел, да бидеме дел од парламентот на Република Македонија. Истотака како Социјалистичка партија на Македонија да го задржиме бројот на пратеници во парламентот. Преговорите одеа лесно бидејќи партиите од коалицијата го препознаа трудот вложен од наша страна во извршната и законодавната власт. Затоа и го задржавме бројот на пратеници што го имавме во парламентот. Continue reading →
Денес организацијата на работодавци во Македонија, побара минималната плата да не биде поголема од 7000 денари. Ние како дел од коалицијата “За подобра Македонија”, им ветивме на претставниците на синдикатите дека ќе биде решен проблемот со минималната плата на првите седници на Владата или Парламентот. Continue reading →

Целосна приватизација на државниот капитал. Следуваат и училиштата да се приватизираат?
Последни денови од предизборната кампања за предвремените парламентарни избори 2011 година. Слушаме различни пароли од страна на опозицијата, од една страна државен интервенционизам – од друга страна тотална приватизација.
Државниот интервенционизам како што се пропагира, би ги заштитил домашните производители од нелојална странска конкуренција. Прашање, зошто се влезе во ЦЕФТА и се потпишаа многу договори за трговска размена со земји низ светот? Како тоа луѓето кои се бореа за либерализација и приватизација на пазарот и општествениот имот во Македонија, одеднаш го променија курсот? Не се кажува како, но се тврди дека ќе се затвори границата за увоз. Continue reading →